ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Стоилов пак ќе (за)игра за Вардар, пелистерци без Борзаш, Лесјак, Стевановиќ…

Вечните ривали на македонска сцена, тимовите на Вардар и Еурофарм Пелистер, денес ќе ја имаат втората пресметка во суперлигашката конкуренција.

На првиот дуел, кој беше одигран во Скопје, победа остварија „црвено-црните“ со пет гола разлика, 30:25.

Битолскиот тим за дуелот со Вардар нема да може да смета на Урбан Лесјак, Урош Борзаш, Дарко Стевановиќ и Андреас Нилсен.

Како што е познато, тимот на Вардар нема да настапи со дел од стандардните играчи, па така тренерот Недановски нема да ги има на располагање Косуке Јасухира, Стефан Петриќ, Виктор Алонсо, Ален Ќосевски, Марио Мишевски и Марио Стојановски.

Еурофарм Пелистер: Нејц Цехте, Цветан Кузманоски, Домен Тајник, Каспер Кисум, Марио Танкоски, Богдан Радивојевиќ, Ненад Костески, Калифа Гедбан, Павле Петровиќ, Петар Атанасијевиќ, Емилијан Ѓорговски, Денис Василев, Жарко Пешевски, Руди Сери, Марко Кизиќ, Павле Атанасијевиќ

Вардар: Томислав Јагуриновски, Стојанче Стоилов, Михаил Аларов, Гоце Георгиевски, Мартин Карапалевски, Мартин Томовски, Хансер Родригез, Милан Лазаревски, Марко Срдановиќ, Матија Николиќ, Дарко Ѓукиќ, Стефан Анастасовски, Нилсон Мело, Васил Гогов

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар се игра со почеток од 18:00 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“.