Денеска стартува разигрувањето за пласман од 9 до 16 место на младинското Европско првенство во словенечкиот град Целје.
Прв ривал на Македонија во групата И, каде што се уште Романија и Франција, ќе биде селекцијата на Полска.
Селекторот Раде Стојановиќ не се реши да направи промени во ростерот, па истите ракометари што играа во првата фаза, ќе настапат и против Полска.
Натпреварот меѓу Македонија и Полска се игра денеска во салата „Три Лилије“ во Лашко со почеток од 12:00 часот.
Судии на натпреварот ќе бидат Хрватите Зоран и Давор Лончар, додека делегат се Грузиецот Гелашвили и Гркот Кацикис.