ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Лазаров избра за Катар и направи една промена

Светската ракометна федерација ги објави составите на Македонија и Катар за пресметката од второто коло од главната рунда на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка.

Селекторот на Македонија, Кирил Лазаров, направи една промена во однос на натпреварот со Катар.

На местото на десното крило Александар Петковски, во составот се враќа десниот бек Томислав Јагуриновски.

Веселин Вујовиќ, некогашниот македонски селектор, ги замени голманот Билал Лепеница, со Ирфан Алихоџиќ, како и левото крило Ахмад Мадади со Хамди Ајед.

Натпреварот меѓу Македонија и Катар се игра денеска во „Вараждин Арена“ со почеток во 15:30 часот.