Машката репрезентација на Македонија денеска го игра петтиот натпревар од квалификациите за пласман на ЕП 2026.
Избраниците на Кирил Лазаров ќе и гостуваат на Естонија во Талин, а мечот ќе започне од 18:00 часот во салата „Калев“.
Maкедонскиот селектор го одреди составот за денешната пресметка. Сениорско деби ќе има за средниот бек Мартин Ивановски, а повратници се Мартин Томовски и Гоце Ојлески.
Од 19 ракометари кои беа на подготовките, во составот не се Иван Галевски, Александар Петковски и Емилијан Ѓорговски, кои ќе чекаат шанса на мечот со Литванија.
Кај домаќинот, најдобрите двајца стрелци од мечот во Скопје, Карл Том и Јирген Руба нема да играат поради повреда, а отсутни се Александер Пертелсон, Алфред Тимо, Расмус Отса и Андрис Челминш.
Словенците ја одработија својата задача, славеа кај Литванија со 31-28 и сега момците на Кирил Лазаров мора да слават над Естонија било каква победа и над Литванија најмалку со три гола за да бидат сигурно втори.
Словенија е прва со 10 бода, Литванија втора со шест, додека Македонија има шанса утре да освои уште два и да има четири бодови.