Младинската репрезентација на Македонија денеска го игра последниот натпревар од групната фаза на Европското првенство во Словенија.
Победа над Австрија ја носи Македонија во главната рунда, додека реми или пораз ја носи во разигрување за пласман од 9 до 16 место.
Селекторите Стојановиќ и Драка ги одредија составите за денешната пресметка, а во македонскиот нема промени во однос на претходните два меча.
Натпреварот меѓу Македонија и Австрија се игра во „Златорог Арена“ со почеток во 14:20 часот, а судии се Вејманс и Волбертус.