Женската репрезентација на Македонија денеска против Полска ќе брка минус четири негатива за мундијалска виза.
Селекторот Кристијан Грчевски направи една промена во ростерот за реванш средбата со искусниот противник.
На местото на повредената Ивана Арсениевска, шанса ќе добие битолчанката Емилијана Ризоска, која може да одговори на повеќе позиции.
Во гостинската репрезентација, стратегот Арне Сенстад, се реши за истите 16 ракометарки што играа во Кошалин.
Натпреварот меѓу Македонија и Полска е закажан за 19:00 часот, а правдата ќе ја делат Хатиполгу и Симшек од Турција, додека делегат ќе биде Вукашиновиќ од Србија.