ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Ѓорче Петров со најдобрите на двобој против Кинжварт

Македонскиот шампион Ѓорче Петров денес го игра првиот осминафинален натпревар во рамки од Европскиот Куп.

Ривал на Ѓорче Петров во осминафиналето е незгодниот тим од Чешка, Хазена Кинжварт.

Ѓорче Петров на денешниот дуел ќе биде со познатиот ростер и тренерот Симе Симовски ќе смета на целиот играчки кадар.

Натпреварот меѓу Ѓорче Петров и Хазена Кинжварт ќе се одигра во спортската сала „Автокоманда“ со почеток од 18:00 часот.

Победникот од овој двомечот ќе се пласира меѓу најдобрите осум екипи во третото по ранг европско клупско натпреварување.