ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Гомеш не игра за Динамо, Еурофарм Пелистер со Ристевски но без Петар Атанасијевиќ

Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска го играат третиот натпревар во Лигата на шампионите и гостуваат кај Динамо Букурешт.

Европската ракометна федерација ги објави составите на двете екипи што ги одредија Давид Дејвис и Бранко Ангеловски.

Во составот на битолчани не се левото крило Петар Атанасијевиќ, пивотот Кајо Цикатиќ, голманот Василије Печурица, средниот бек Алем Хаџиќ и повредениот Ненад Костески.

Дејвис нема да смета само на левиот бек Андре Гомеш, додека сите останати му се на располагање на шпанскиот стратег. Тука се Трастарсон, Ламбросо, Кудуз, Вујовиќ, Цупара, Кашпарек, Рошта…

Натпреварот меѓу Динамо Букурешт и Еурофарм Пелистер се игра во салата „Поливалента“ со почеток во 18:45 часот.