Во третото коло од плеј-оф фазата од Супер лигата ќе се одигра дерби дуелот меѓу Еурофарм Пелистер и тимот предводен од Кире Лазаров.
Шампионот пред својата публика ќе посакува задржување на максималниот ефект во разигрувањето за титулата, додека гостите од Автокоманда одат на втора победа.
Пелистерци на последното соочување со „сино-белите“ од Автокоманда одиграа фуриозно и триумфираа со 13 гола разлика, 33:20.
Тренерот на Еурофарм Пелистер, Раул Алонсо, реши за овој натпревар да ги изостави голманот Василије Печурица, бековите Павле Петровиќ и Емилијан Ѓорговски, а надвор од комбинација се повредените Нејц Цехте и Петар Атанасијевиќ.
Во гостинскиот состав денеска нема да ги има Благојче Трајкоски, Костадин Петров, Никола Костески, како и повредените Дамјан Митев и Кристијан Симоноски.
Еурофарм Пелистер: Никола Митревски, Дејан Манасков, Самоил Ристевски, Цветан Кузманоски, Домен Тајник, Урош Борзаш, Филип Ивиќ, Богдан Радивојевиќ, Филип Кузмановски, Ненад Костески, Илија Абутовиќ, Усама Хосни, Жарко Пешевски, Алем Хаџиќ, Павле Атанасијевиќ и Мохамед Шебиб.
Алкалоид: Марко Кизиќ, Иван Џонов, Никола Маркоски, Михајло Младеновиќ, Мартин Серафимов, Валентин Карасманакис, Марко Стојковиќ, Игор Ѓорѓиев, Иван Галевски, Мартин Велковски, Мартин Ивановски, Бинго Арно, Франциско Силва, Александар Петковски, Дамјан Митев и Давид Савревски.
Денешното дерби е закажано за 18:00 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“, а правдата ќе ја делат Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски.