Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беа извлечени групите во Купот на Македонија.
Натпреварите од групната фаза ќе се одиграат на 26/27 април, додека завршниот турнир ќе се игра од 15 до 18 мај.
Допрва ќе бидат познати евентуалните домаќини на четирите групи, а доколку нема пријавено организатори, тогаш финалниот натпревар од групата ќе се игра на теренот на екипата со помал број.
За Ф4 ќе се борат сите 12 суперлигаши, но и четири прволигашки екипи, а бранител на трофејот се „сино-белите“ од Автокоманда.
Еурофарм Пелистер ќе има лесна задача да стигне до Ф4, бидејќи ќе игра со три екипи што се борат за опстанок, а Вардар за ривал го доби Бутел Скопје и доколку слави ќе игра против победникот од Борец ФЛ и Еурофарм Пелистер 2 за место на завршниот турнир.
Најинтересно се очекува да биде во групата 4, каде Охрид и Тиквеш се фаворити за место во финалето од групата и за борба за место на завршниот турнир.
Куп на Македонија, групна фаза:
група 1
Алкалоид (1) – Мулти Есенс (4)
Партизан Гевгелија (2) – Пролет (3)
група 2
Еурофарм Пелистер (1) – Куманово (4)
Радовиш (2) – Струга (3)
група 3
Вардар (1) – Бутел Скопје (4)
Борец ФЛ (2) – Еурофарм Пелистер 2 (3)
група 4
Прилеп (1) – Охрид (4)
Тиквеш (2) – Аеродром (3)