Познати саатниците за натпреварите – Македонија два пати во централен термин на ЕП

Женската репрезентација на Македонија ја очекува настапот на Европското првенство во Унгарија, Швајцарија и Австрија.

Нашите ракометарки ќе играат во групата А, во Дебрецин, против домаќинот Унгарија, Турција и Шведска.

ЕХФ го финализираше распоредот и саатниците за натпреварите, а домаќинот Унгарија за своите дуели го избра терминот од 18:00 часот, па затоа Македонија два пати ќе игра во централниот термин од 20:30 часот.

Првата средба е на 28 ноември против Шведска од 20:30 часот, втората против Турција е на 30 ноември во истото време, додека третата е против Унгарија на 2 декември од 18:00 часот.

Сите натпревари ќе се играат во салата „Феникс Арена“ во Дебрецин, а билетите веќе се во продажба.

Во продажба билети за ЕП 2024 – гледајте три натпревари на Македонија за 50 евра!