Натпреварувачката комисија на РФМ ги делегираше официјалните лица за суперлигашкиот бараж натпревар.
Двобојот за последното место во елитната конкуренција следната сезона ќе го водат Еурофарм Пелистер 2 и Радовиш.
Овој натпревар ќе го судат Виктор Андонов и Стојанче Јовановски, додека делегати ќе бидат Камер Металари и Бобан Мајнов.
Натпреварот меѓу третопласираниот тим од суперлигашкиот плеј-аут и второпласиранито тим од прволигашкиот плеј-оф ќе се игра в недела од 16:00 часот во салата во Автокоманда.