Познати официјалните лица за првата рунда од суперлигашкиот плеј-оф/аут

Како што најави 24Ракомет, судиите за плеј-офот и во плеј-аутот во Супер лигата ќе се одржуваат со ждрепка и нема да има класично делегирање.

Првата ждрепка се одржа денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија, а со неа раководеше претседателот на Натпреварувачката комисија, Бобан Мајнов.

Три двојки беа во комбинација за трите средби од плеј-офот, додека други три беа во игра за натпреварите од разигрувањето за опстанок.

Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе го судат дербито меѓу Вардар и „сино-белите“ од Автокоманда.

Супер лига, плеј-оф/аут, 1 коло:

Вардар – Алкалоид (Николов/Начевски)
Тиквеш – Еурофарм Пелистер (Илиевски/Илиевски)
Бутел Скопје – Охрид (Металари/Николовски)
Куманово – Радовиш (Андонов/Јовановски)
Прилеп – Борец ФЛ (Георгиевски/Георгиевски)

Пролет – Струга (Колевски/Кркачев)