Ракометарките на Чаир и Металург Автокоманда ќе бидат претставници на Македонија во ЕХФ Европскиот Куп.
Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите од второто коло во кои Чаир ќе игра против Керженг од Луксембург, а Металург Автокоманда ќе се соочи со Гореле од Турција.
Првата средба Чаир ја игра на гостински терен на 5 октомври од 18:00 часот во Башараж, а таа ќе ја судат Кинари и Скогберрг од Финска, додека делегат е Онгаро од Ирска.
Реваншот се игра на 13 октомври во спортската сала во Автокоманда со почеток во 19:00 часот. Овој дуел им е доверен на Србинките Јаковљевиќ и Сандо Ковачевиќ, додека делегат ќе биде Кожокару од Романија.
Металург Автокоманда ќе игра двапати на гостински терен кај турскиот Гореле. Првиот меч е на 5 октомври од 16:00 часот, додека вториот ќе се игра на 7 октомври од 17:00 часот.
Овие два меча ќе ги судат Генц и Гетоар Бујупи од Косово, додека делегат е Стоиа од Романија.
Познати термините за европските натпревари на Чаир, Металург Автокоманда двапати гостин