Битола и Скопје во сабота ќе бидат местата каде во исто веме ќе играат Еурофарм Пелистер и Вардар, и ќе се борат за титулата. Битолчани се во предност бидејќи имаат два бода повеќе во однос на Вардар. Еурофарм Пелистер е домаќин на тимот од Автокоманда, а во Скопје во Бутел гостува екипата на Вардар.
На актуелниот првак му одговара и реми за да може да ја сочува титулата. Вардар пак мора да победи, но и да чека кикс на Еурофарм Пелистер, односно пораз пред домашните навивачи. Во случај на ист број бодови, Еурофарм Пелистер ќе бид ешампион бидејќи им аподобра меѓусебна гол разлика на дуелите со Вардар.
РФМ реши овие средби да се играта во исто време, во сабота во 18 часот.
Средбата во Битола ќе ја судат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, а во Скопје правдата ќе ја делат Дејан и Димитар Георгиевски.
Последното коло од плејофот ќе почне утре со два натпревари. Охрид го пречекува Тиквеш (19 часот). Таму судии се Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев. Во исто време во Скопје се среќаваат и Пролет и Струга, а таму судии се Виктор Андонов и Стојанче Јовановски.