Денеска во просториите на Ракометната федерација беа извлечени судиите за претстојните натпревари од 5 коло во суперлигашкиот плеј-оф и плеј-аут.
„Вечното дерби“ меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар ќе привлече најголемо внимание, а среќата сакаше таму да судат Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.
На дуелот меѓу Тиквеш и Охрид што ќе се игра во Кавадарци, „главни“ ќе бидат Даниело Божиновски и Виктор Начевски.
Најинтересната средба од плеј-аутот меѓу Куманово и Борец ФЛ ќе помине со арбитража на Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.
Супер лига, плеј-оф/аут, 5 коло:
Еурофарм Пелистер – Вардар (Николов/Начевски)
Алкалоид – Бутел Скопје (Металари/Николовски)
Тиквеш – Охрид (Божиновски/Начевски)
Струга – Прилеп (Илиевски/Илиевски)
Радовиш – Пролет (Кркачев/Колевски)
Куманово – Борец ФЛ (Митревски/Тодоровски)