Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите од второто квалификациско коло во Лигата на Европа.
Македонскиот шампион Ѓорче Петров за ривал го доби шведскиот Хорс, а првиот меч е закажан во Скандинавија.
Дуелот меѓу Хорс и Ѓорче Петров што ќе се игра на 6 октомври од 16:00 часот ќе го судат Естонците Харгин и Макејев, додека делегат е Харалдсон од Исланд.
Реванш средбата е на програмата во СЦ „Јане Сандански“ на 13 октомври од 18:00 часот, а ќе ја судат браќата Агакиши од Азербејџан, додека делегат е Капланис од Кипар.
Победникот од овој двомеч, ќе се судри со францускиот Париз во битка за групната фаза од Лигата на Европа.