Познат возниот ред за кадетите – ќе го отворат „Трофеј Карпати“ со Египет

Машката кадетска репрезентација на Македонија ја очекува настапот на турнирот „Трофеј Карпати“ во романскиот град Плоешти.

Избраниците на Наум Танески освен против домаќинот, ќе играат и против Египет и Црна Гора.

Македонија ќе го отвори турнирот на 26 октомври против африканскиот претставник со почеток во 14:30 часот.

На вториот ден, нашите ракометари ќе играат со Романија во 16:30 часот, додека за крај ќе се соочат со Црна Гора од 09:30 часот.

Настапот на овој турнир е дел од подготовките за квалификациите за ЕП 2024 што ќе се играат во Скопје, а ривали се Словачка, Швајцарија и Косово.