Познат терминот за најголемото дерби – еве кога ќе играат Вардар и Еурофарм Пелистер!

Вториот дуел од најголемото македонско дерби во суперлигашкиот плеј-оф меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се одигра на 9 април.

Овој натпревар е дел од вонредното 8 коло, кое е на програмата во вторник и среда, односно 9 и 10 април.

Вардар објави дека од денеска во продажба се пуштени и билетите за дербито, кои чинат 200, 250 и 350 денари во зависност од местото на седење во салата.

Натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:00 часот.

Претходно двете екипи ќе одиграат уште по еден меч од плеј-офот. Вардар го чека Бутел Скопје в сабота од 12:00 часот, додека Еурофарм Пелистер гостува кај вицепрвакот в сабота од 18:00 часот.

На првата средба во Битола, шампионот славеше убедлива победа над Вардар со 27-21.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14130141
2ПРОЛЕТ1430119
3СТРУГА1400140