Познат списокот на Франција за ЕП – стартува новата ера без Крумболц

Новиот селектор на женската репрезентација на Франција, Себастијан Гардилу го објави списокот на ракометарки што ќе бидат во конкуренција за настап на ЕП 2024.

Гардилу му беше асистент на Крумболц досега, а отсега ќе биде предводник на ракометарките што одлично ги познава.

Тој ќе смета на 21 ракометарка, а тука се искусните Нзе Минко, Глозе, Флип, Заади, потоа Хорачек, Грандво…

„Триколорките“ се во група со Полска, Шпанија и Португалија. Невообичаено, но пред ЕП, Франција ќе тестира со Шпанија која им е ривал на континенталниот собир.

Покрај тестот со Шпанија на 22 ноември, избраничките на Гардилу ќе играат и против Ангола.