Повреда за Кузманоски, Македонија со едно лево крило на втората пресметка со Грција

Левото крило Цветан Кузманоски нема да настапи на вториот натпревар меѓу Македонија и јужниот сосед.

Кузманоски заработи повреда на прстот на раката на вчерашниот дуел, па единствена опција за денешната пресметка на таа позиција ќе биде Петар Атанасијевиќ, иако таму може да игра и Иван Џонов.

Повеќе детали за каков тип повреда се работи и за евентуалната пауза ќе има по враќањето на македонската делегација од Солун.

Вториот натпревар меѓу Македонија и Грција се игра денеска во Солун со почеток во 17:30 часот во „Микра“, а првата пресметка заврши реми, 29-29.