Селекторот на машката младинска репрезентација на Македонија, Раде Стојановиќ, го објави поширокиот список на ракометари пред Европското првенство.
Стојановиќ на списокот има 35 ракометари, меѓу кои се и тројца интернационалци – голманот Давид Брестовац од германскиот Котбус, левиот бек Борјан Дамјаноски од австрискиот Линц, како и десното крило Стефан Атанасов од словенечкиот Копер.
Скратениот список пред стартот на подготовките, како и планот за истите се очекува наскоро да биде објавен.
На списокот се сите ракометари што минатото лето беа дел од Светското првенство, но во кадетска конкуренција.
Македонија е во група со Австрија, Хрватска и Црна Гора на Европското првенство што ќе се игра од 10 до 21 јули во Словенија.