Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од 9 коло во Лигата на шампионите.
Македонскиот првак Еурофарм Пелистер гостува кај полскиот гигант Келце, а таму ќе судат португалски арбитри.
Станува збор за Какадор и Николау, додека делегат на натпреварот во салата „Легионово“ ќе биде Конопласти од Украина.
Средбата меѓу Келце и Еурофарм Пелистер е на програмата на 30 ноември со почеток во 20:45 часот.