Репрезентацијата на Германија не успеа да обезбеди пласман во полуфиналето на Светското првенство 2025.
Избраниците на Алфред Гисласон беа поразени од Португалија со 31:30 по продолженијата и настапот на Мундијалот го завршија на 6. позиција.
Еден од најдобрите ракометари на Германија, Јури Кнор, имаше пофални зборови за португалската селекција.
,,Португалија имаше малку повеќе среќа, но од друга страна тие го заслужија тоа, одиграа одличен турнир, одиграа одлично и против нас, навистина се многу квалитетни и имаат светла иднина, можам само да им честитам. Сигурно овој пораз ќе боли, бидејќи со победа ќе игравме полуфинале и ќе се боревме за финале”, изјави Кнор.
🎥Погледнете како Мартим Кошта и донесе мундијалско полуфинале на Португалија!