Чуварот на мрежата на европскиот шампион Магдебург, Никола Портнер, во моментов е надвор од ракометните терени поради сомнеж дека користел допинг.
Анти-допинг комисијата на Бундес лигата најави дека против него е покрената постапка за користење на недозволени супстанци.
Веќе се најавени дополнителни испитувања и во различни лаборатории, а тој иако во моментов не тренира со Магдебург, добива поддршка од неговиот клуб.
„Јас сум шокиран по информациите дека моите анализи покажале отстапување од зацртаните норми, невин сум и ќе направам се за да го докажам тоа“, вели Портнер.
Тој неодамна го продолжи договорот со Магдебург до 2027 година, а европскиот шампион веќе бара замена за него во случај да не може да брани и добие суспензија. Меѓу кандидатите е и Борко Ристовски.
Иако е пензиониран, Борко Ристовски на добар глас – го бара ЕВРОПСКИОТ ПРВАК!