Поради репрезентативните активности: Следното суперлигашко коло ќе се игра на 1 и 2 мај!

Ракометната федерација на Македонија ги извести клубовите дека следното суперлигашко коло што беше закажано за 4/5 мај ќе се игра порано од предвиденото.

Поради репрезентативните активности на сите машки селекции – кадети, младинци и сениори, натпреварите од 12 коло во Супер лигата ќе се играат на 1 или 2 мај. Евентуално оние клубови што немаат репрезентативци во своите редови може да ги одиграат своите натпревари некој ден подоцна.

Бидејќи тој викенд на 4/5 мај се празнува Велигден, сигурно е дека дел од клубовите и во Женската и Првата лига, ќе ги закажат своите дуели на 1, 2 или 3 мај.

Кадетите, младинците и сениорите ги очекуваат различни предизвици во претстојната ЕХФ недела.

Момците на Наум Танески ќе играат пријателски средби против Словенија и Австрија, оние на Раде Стојановиќ ќе се соочат исто така на пријателски двобои со Словенците два пати, додека сениорите на Кире Лазаров ги чека двомеч со Фарски Острови за пласман на СП 2025.