Поповски во животна форма – беше најдобар стрелец и МВП против Кројцлинген

Македонскиот интернационалец Мартин Поповски игра во одлична форма во новата сезона од швајцарскиот шампионат.

Неговиот тим Цирих славеше на последниот натпревар против Кројцлинген со 30-28, откако на полувремето имаше реми, 13-13.

Поповски беше најдобар стрелец на теренот во двете екипи и успеа да постигне седум гола од девет обиди.

Со ова издание ја заслужи наградата за најкорисен ракометар, односно МВП на натпреварот против Кројцлинген.

Поповски е во ТОП 10 листата на стрелци во швајцарскиот шампионат со 37 постигнати погодоци на досегашните натпревари.