Тимот на Цирих, каде што игра македонскиот интернационалец Мартин Поповски, ја продолжи победничката серија.
Цирих на домашен терен го победи составот на Берн со 29-27, во заостанатиот натпревар од 15 коло во швајцарскиот шампионат.
Поповски беше меѓу најдобрите ракометари во победничкиот тим и успеа да постигне четири погодоци од пет обиди.
Цирих сега има 22 бода и се наоѓа на второто место на табелата, зад лидерот Кадетен кој има 27, но пред Криенс Луцерн на Енди Шмид, кој има 20 бода на третото место.
Поповски и неговиот тим во следното коло му гостуваат на Фади Винтертур.