Турската ракометна федерација објави дека во чест на починатиот репрезентативец Кемал Кутахја e изграден меморијален парк-шума што ќе се вика “Кемал Кутахја меморијален парк“.
Кемал Кутахја во месец февруари оваа година заедно со неговата сопруга и неговиот петгодишен син го загуби животот во катастрофалниот земјотрес во Турција.
Во меморијалниот парк-шума се засадени 5.000 дрва во чест на Кутахја и неговото семејство.
Лигата на Турција од вториот дел од минатата сезона го носи името на починатиот капитен на турската репрезентација.