По скоро година дена му се враќа на ракометот

Eден од најталентираните српски играчи, Јовица Николиќ, успешно се опоравува од операцијата на коленото.

Десниот бек во летото 2022 година премина од Војводина во бундеслигашот Вецлар и се очекуваше дека неговата кариера ќе се движи во нагорна линија.

Но минатата година во април Николиќ заработи тешка повреда, потоа следуваше операција и на менискус, а рехабилитацијата траеше околу десет месеци.

Леворакиот бомбардер е спремен да се приклучи на работата со екипата, па наскоро се очекува и камбекот на терените.

Тој досега во дресот на Вецлар одигра 22 натпревари и успеа да постигне 40 погодоци во Бундес лигата. За сениорската репрезентација на Србија дебитираше на СП 2023 година.