Во следната сезона во најсилното унгарско натпреварување, покрај Веспрем и ПИК Сегед, во трката за титулата ќе се вклучи и амбициозниот тим на Ѓер.
Сегашниот прволигаш, а од следната сезона суперлигаш, има големи цели и планови како да им ги мати сметките на Веспрем и ПИК Сегед.
На четири кола пред крајот од прволигашката конкуренција во Унгарија, тимот на Ѓер веќе го осигура првото место и за следната сезона избори пласман во унгарската елита.
Ѓер во минатото три пати ја освојуваше титулата во Унгарија, беше шампион во 1987, 1989 и 1990 година. Сега по десетгодишна пауза повторно ќе се натпреварува со најсилните на домашна сцена.
До овој момент, раководството на клубот како ново засилување го претстави искусниот среден бек Дејан Бомбач, кој во Ѓер ќе пристигне од ПИК Сегед.
Пред трансфер во амбициозниот клуб во најава сѐ уште две познати имиња, левиот бек Ричард Бодо и десниот бек Жолт Балог.
Бомбач повлече нога: Двајца унгарски репрезентативци пред трансфер во Ѓер