ПИОНЕРИ: Аеродром, Охрид и Алкалоид директно на Ф4 – последниот тим ќе се реши преку бараж

Првиот бараж меч меѓу Струга и Еурофарм Пелистер е закажан за утре во 15,30 часот во Струга.

Актуелниот шампион во пионерка конкуренција РК Аеродром е единствен тим што од лани повторно, директно успеа да избори место на Ф4 турнирот каде ќе ја брани титулата. Познати се трите екипи што обезбедија место на завршниот турнир по одигрување на регуларниот дел од сезоната – Аеродром, Охрид и Алкалоид.

Последниот четврти платни ќе се одреи преку бараж мечевите. Во првиот меч ќе играа Струга и Еурофарм Пелистер. Победникот од тој дуел ќе игра со Куманово. Кој ќе победи од овој втор меч ќе им се придружи на екипите што ќе играат на Ф4 турнирот.

Првиот бараж меч меѓу Струга и Еурофарм Пелистер е закажан за утре, четврток во 15,30 часот во Струга, а победникот потоа ќе игра со Куманово. Тој меч ќе се игра на 28 април.

Домаќинот на Ф4 турнирот ќе се реши кога ќе биде и ждрепката за полуфиналните двојки, но многу веројатно е тоа да биде Скопје. Ф4 турнирот е закажан за 11 или 12 мај.

Во регуларниот дел од сезоната во Група А, екипата на Охрид загуби само бод, и тоа на дуелот со ланскиот вицепрампион Голден Арт. Охриѓани беа супериорни во својата група и освоија 46 од можни 48 бода. На втор оместо се плсаираше Струга која освои 40 бода. Ланскиот вицепрвак Голден Арт имаше теоретски шански, но го загуби клучниот меч со Струга на домашен терен пред две седмици.

Поради подобра меѓусебна гол разлика пионерите на Алкалоид ќе играат директно на Ф4 турнирот, а Еурофарм Пелистер своето место ќе го бара преку бараж. Тие две екипи доминираа во текот на сезоната во група Б.

Во групата В, тимот на Аеродром успеа да го задржи првото место и по вторпат да игра за титулата. Во последните мечеви рутински ги освоија потребните бодови, откако претходно во диркетните дуели бе апоодбри со Куманово исо Бисинов. Аеродорм како прв оди директно на Ф4, а Куманово како второпласиран ќе бара шанса повторно да биде меѓу четирите најдобри.