ПИК Сегед создава дрим тим – потпиша со Тулин, доаѓа и Готфридсон?

Шведскиот голман Тобијас Тулин на лето ќе го напушти данскиот шампион ГОГ Гудме и ќе се пресели во редовите на ПИК Сегед.

Тулин во ГОГ пристигна во минатата сезона и се покажа како вистинско освежување во екипата. Неговите одлични настапи беа забележани од поголемите клубови, но тимот на ПИК Сегед успеа да се избори за услугите на 28-годишниот голман.

Според пишувањата на „RTH Handball“, еден од легендарните шведскиот ракометари, средниот бек Џим Готфридсон, би можел да биде новото засилување во ПИК Сегед. Тој има договор со Фленсбург до 2025 година, и од германскиот клуб ги отфрлаат шпекулациите дека шведскито ас ќе си замине.

Меѓу потенцијалните засилувања се споменуваат и ѕвездите на Колстад – Магнус Род и Сандер Сагосен, членот на Бенфика – Мигел Санчез Мигаљон, потоа десниот бек Доминик Мате, средните бекови Тобијас Грондал и Лазар Кукиќ…

Како што веќе објави 24Ракомет, пред потпис со ПИК Сегед се наоѓа и екс членот на Вардар, кружниот напаѓач, Жереми Тото.

Засега е познато дека од унгарскиот вицепрвак си заминуваат Деан Бомбач, Мигел Мартинс и Матеј Габер, а договорот му истекува и на голманот Роланд Миклер.