Еден од претендентите за место во Лигата на шампионите преку вајлд-карта, унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед, се пофали со ново име во своите редови.
Нов ракометар во клубот од Сегед ќе биде левиот бек Вилијам Богојевиќ, кој последните четири сезони ги мина во Данска.
Швеѓанецот во данскиот шампионат настапуваше за Силкеборг, а во ПИК Сегед доаѓа по желба на новиот тренер, неговиот сонародниот Микел Апелгрин.
Од ова лето на ПИК Сегед ќе му се приклучат и Тобијас Тулин, Јанус Дади Смарасон, Лазар Кукиќ, Жереми Тото и Магнус Род.