Петровиќ: Грешките во клучните моменти беа пресудни за поразот

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер во неизвесен натпревар беше поразен од ПИК Сегед со 28:27 во натпревар од 8. коло од Лигата на шампионите.

Пелистерци до крај се бореа за освојување на најмалку бод, но гостите од Сегед имаа повеќе среќа во клучните моменти.

Десниот бек Павле Петрович, кој погодуваше во финишот, истакна дека грешките во клучните момент биле причина за денешниот пораз.

,,Прво сакам да им се заблагодарам на нашите навивачи за големата поддршка. Како што реков пред натпреварот, ние ќе се бориме како што се боревме на нивен терен, истакнав дека ќе продолжиме со исто темпо, на крај во клучните моменти имавме неколку грешки и поради тоа не успеавме до прва победа во ЛШ, но сепак, ќе продолжиме на тренираме уште подобро и да се надеваме дека ќе дојдеме до првата победа во елитата”, изјави Петровиќ.

Следен предизвик за Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите ќе биде гостувањето во Полска кај Келце.

Кузмановски: Се вратив за да ја сочуваме титулата, знам дека овој дрес тежи многу

Ангеловски: Ни фалеше среќа, но ве уверувам дека секој ден сме поблиску до првиот триумф

 

Драма во Битола: Храбрите пелистерци загубија во последните секунди од ПИК Сегед