Ракометарите на Еурофарм Пелистер на последниот домашен натпревар од Лигата на шампионите беа поразени од Алборг со 33:28.
Кружниот напаѓач Жарко Пешевски го анализираше поразот од данскиот вицепрвак и истакна дека неговиот тим го одиграл најдоброто прво полувреме во европската елита.
,,Пред денешниот дуел мислевме дека Алборг ќе потпадне на притисокот од публиката, но сепак, се работи за ѕвезден тим кој има одиграно многу вакви натпревари. Ракометарите на Алборг покажаа дека се подобар ривал и сметак дека за разлика од другите натпревари ова беше нашето најдобро прво полувреме во ЛШ. Игравме егал во сите 30 минути, но потоа отворивме лошо во вториот дел, Алборг го казни тоа и не дозволи да се вратиме во игра. Наша задача поради овие неверојатни навивачи е да одиграме максимално и на последниот натпревар во Норвешка“, изјави Пешевски.
Пелистерци во последното коло, во кое ќе атакуваат на првите бодови, ќе се соочат со Колстад.
Еурофарм Пелистер поразен од Алборг на последниот домашен меч во ЛШ