Машката репрезентација на Словенија победнички ги стартуваше победничките тест натпревари пред стартот на Светското првенство.
Избраниците на Урош Зорман го совладаа африканскиот вицепрвак Алжир со 37-32, иако по првиот дел беше реми, 17-17.
Најдобри во составот на Зорман беа Јовичиќ со седум гола, како и членот на Еурофарм Пелистер, Нејц Цехте со шест погодоци.
Пет постигна Кодрин, додека Новак се запиша четири пати во листата на стрелците. На голот Лесјак имаше добра партија.
Словенија ќе игра пријателски натпревари против Катар и Хрватска, а во групата на СП за ривали ги има Куба, Исланд и Зеленортските Острови.