За најголемото македонско ракометно дерби Еурофарм Пелистер – Вардар, двата тренери ги објавија тимовите со кои ќе играат. Домашните бараат шанса за реванш и приклучување во врвот и борба за првото место до самото завршување на регуларниот дел. Гостите од Скопје, сакаат да ја продолжат серијата од 14 победи по ред колку што досега имаат во првенството и да бидат на првото место.
Средбата е закажана за од 18 часот со пренос на МРТ. Судии се Славе Николов и Ѓокица Начевски.
Домашниот тренер Раул Алонсо за овој дуел реши во составот да не го вклучи Дејан Манасков, давајќи му предност на Цветан Кузмановски. Тимот на битолчани е оној со кој настапуваат и во лигата на шампионите.
Во тимот на Вардар , тренерот Гиљермо Милано мораше да се откаже од некои од странските играчи, па за овој меч ги нема двете крила, Марко Срдановиќ и Мигеул Пинто, како и Нилтон Мело и Вуко Борозан. Во тимот се Томче Стојановски и Ален Ќосевски.
Состави на екипите:
Еурофарм Пелистер:
Митревски, Цехте, Ристевски, Ц.Кузмановски, Тајник, Борзаш, Ивиќ, Радивојевиќ, Ф.Кузмановски, Костески, Абутовиќ, Петар Атанасијевиќ, Пешевски, Осама, Павле Атанасијевиќ, Мохамед
Вардар:
М. Стојановски, Јагуриновски, Аларов, Т.Стојановски, Георгиевски, Родригез, Крсманчиќ, Фереира, Коиј, Лазаревски, Горига, Николиќ, Петриќ, Маргели, Ќосевски, Гогов