Со денешниот прв собир, машката кадетска репрезентација го означи стартот на подготовките за претстојното Европско првенство во Србија.
Селекторот Горан Кузманоски на скратениот список има 21 ракометар, а од нив тројца ќе бидат отсутни две недели од подготовките поради настапот на младинското ЕП во Романија.
Тоа се голманот Ѓорѓи Николовски, десниот бек Бобан Поповски и левиот бек Марко Ѓорчески, кои ќе им се приклучат на соиграчите по крајот на младинското ЕП за втората фаза на подготовките.
Планирани се пријателски натпревари во текот на подготовките, по што ќе биде познат конечниот список на патници за Србија..
Македонија е во група со Словенија, Шведска и Франција на Европското првенство во Белград.
























