Илиевски избра за ЕП – Македонија со 18 ракометари во Романија

Maшката младинска репрезентација вечерва пред полноќ заминува на пат кон Романија, каде ќе настапи на Европското првенство во Клуж и Турда.

Селекторот Игор Илиевски на пат ќе поведе 18 ракометари, од кои ќе има можност да одбере 16 за натпреварите со Норвешка, Хрватска и Данска.

Од неговиот првичен список од 20 ракометари отпаднаа голманот Стефан Јорданов, десниот бек Петар Илиевски и десното крило Јован Петрески, а дополнителен повик имаше за десното крило Максим Гарбески.

Македонија е во тешка група, ќе си има работа со селекции од европскиот крем, но избраниците на Илиевски сигурно нема да се предадат без борба.

Нашите ракометари запишаа четири победи на четирите пријателски натпревари против Саудиска Арабија, Грција и Италија.

Македонија го стартува настапот на ЕП на 8 јули од 13:30 часот со дуел против селекцијата на Норвешка.

Состав на Македонија:

голмани: Николовски, Младенов
крила: Ѓокески, Каевски, Поповски, Гарбески
пивоти: Тевдовски, Славков, Симоновски
бекови: Ѓорѓиевски, Петрески, Фехми, Ѓорчески, Лазов, Ѓурмешевиќ, Матески, Крстевски, Јаневски