Репрезентацијата на Црна Гора, која во првиот натпревар од главната фаза на Светското првенство 2023 беше поразена од Хрватска со 26:25, настапот на Мундијалот ќе го продолжи без Марта Батиновиќ.
Искусната голманка во дуелот со „коцкестите“ заработи тешка повреда на коленото и мораше да го напушти теренот. По лекарските прегледи, констатирано било дека настрадале лигаментите на коленото, а тоа значи дека 33-годишната голманка ја очекува долга пауза.
Доколку Црна Гора игра квалификации за Олимписките игри во Париз, најверојатно Батиновиќ нема да може да им помогне на своите репрезентативни колешки, но исто така нејзиниот настап на најголемата спортска манифестација во случај црногорската репрезентација да избори пласман, би бил неизвесен.
Селекторот Бојана Поповиќ бргу реагираше и како замена за Батиновиќ ја повика голманката на Будуќност, Анастасија Бабовиќ, која се очекува во текот на денешниот ден да пристигне во Гетеборг и одма да и се стави на располагање на репрезентацијата.
Црна Гора за следен ривал на Мундијалот ја има репрезентацијата на Сенегал, додека во последното коло од групната фаза ќе се соочи со Шведска. Црногорките имаат шанси да се пласираат во четвртфиналето, но за остварување на целта ќе треба да им се поклопат сите коцки.
Tungt avbräck för Montenegro inför mötet med Sverige ❌
Målvakten Marta Batinovic blev utburen skadad i förlusten mot Kroatien pic.twitter.com/1XPyfJiWSt
— Viaplay Sport SE (@ViaplaySportSE) December 7, 2023