Павлов се врати дома – го засили суперлигашот Скопје

Довчерашниот интернационалец Синиша Павлов до крајот од сезоната ќе го носи дресот на македонскиот суперлигаш Скопје.

Младиот и талентиран ракометар во првиот дел од тековната сезона настапуваше во шампионатот на Чешка, таму го носеше дресот на Маломерице.

По првото стекнато меѓународно искуство, десниот бек ќе се обиде да му помогне на Скопје да оствари подобри резултати во борбата за опстанок.

Павлов во својата кариера, освен за матичниот Прилеп, настапуваше и за екипите на Голден Арт и Радовиш.

Во Скопје настапуваат уште двајца ракометари од Прилеп, голманот Никола Стојкоски и левиот бек Давор Шокоски.

По пет одиграни кола во плеј-аут фазата, веќе извесно е дека Скопје во следната натпреварувачка сезона ќе се пресели кај прволигашите.