Германскиот Мелсунген го ангажираше левото крило на Барселона, Јан Баруфет, пред стартот на новата сезона.
Тимот предводен од Роберто Гарсија Парондо, имаше проблеми со повредите на Давид Мандиќ, па реши да донесе уште еден ракометар на таа позиција.
20-годишниот Јан, син на легендарниот голман на Барса, Давид Баруфет, ќе го има првото интернационално искуство, откако минатите две сезони покрај за вториот тим на каталонците, играше и за првата екипа особено во Асобал лигата.
Баруфет ќе игра за Мелсунген следната сезона, откако веќе го продолжи договорот со Барса до 2027 година.