Селекцијата на Норвешка ја забележа втората победа во третиот натпревар на Олимписките игри, откако славеше против Кореја со 26-20.
Ова беше рутински одработен натпревар од избраничките на Торир Хергеирсон, иако во првиот Кореја успеа да пружи солиден отпор.
Беше во еден момент и реми, но до паузата Норвежанките стигнаа до плус два, 13-11, а клучната предност ја направија на стартот на вториот дел.
По 18-14 беше полесно да се игра и до крајот не се истрошија премногу пред клучните битки за што подобра позиција пред четвртфиналето.
Најдобри стрелци во победничката селекција беа Скогранд со пет и Реистад, која се врати на терените со четири гола, додека кај Кореја се истакна Ру со шест погодоци.