По стартниот триумф над Унгарија, селекцијата на Франција славеше и против Холандија со 32-28.
Домаќинките ја оправдаа фаворитската улога на овој натпревар и сега мирно може да ги чекаат следните натпревари во битката за што подобра стартна позиција пред четвртфиналето.
До паузата избраничките на Оливие Крумболц имаа плус три, 17-14, иако и Холанѓанките имаа свои моменти во првиот дел.
Второто полувреме Франција го одигра без многу напор, односно толку колку што требаше да се запише победа и нови два бода.
Клое Валентини беше предводник на победничката селекција и запиша десет погодоци, додека Ангела Малештајн даде седум за Холандија.