Домаќинот на Олимписките игри, селекцијата на Франција, ја запиша и третата победа на турнирот, откако славеше и против Бразил со 26-20.
Избраничките на Оливие Крумболц ја имаа контролата во текот на целиот натпревар, а Бразил водеше само на почетокот со 1-0.
На паузата беше 14-11 за Франција, јужноамериканскиот тим намали на 14-12 и тоа беше се од нив. На теренот постоеше само еден состав во продолжение и домаќинките ја одработија задачата рутински до крајот.
Најдобри стрелци во победничкиот состав беа Попа со седум и Хорачек со четири погодоци, додека голманката Глосе имаше 14 интервенции.
Кај Бразил, голманките Аруда и Морески комбинираа 20 одбрани, но единствена расположена меѓу стрелците беше Де Паула со седум гола, а тоа беше премалку за нешто повеќе на овој натпревар.