ПАРИЗ 2024: Бразил не беше закана за Холандија

Селекцијата на Холандија ја забележа третата победа на Олимписките игри, откако славеше против Бразил со 31-24.

Бразилките успеваа да парираат на стартот на првото полувреме, одржуваа рамнотежа со головите на Матиели и Виеира, но како одминуваше времето така Холандија ја преземаше контролата.

Тен Холте беше одлична на голот на Холандија, нејзините колешки од нападот лесно доаѓаа до погодоци и „лалињата“ имаа плус пет на паузата, 17-12.

Во вториот дел избраничките на Пер Јохансон само рутински ја доработија задачата и сега се на чекор до четвртфиналето на Олимписките игри.

Најдобри стрелци во беа Ван Ветеринг со шест гола кај Холандија и Битоло со седум погодоци во бразилскиот состав.