Паличка си оди, Грин продолжува со „светците“ – ПСЖ промовира нов голман

Францускиот првак ПСЖ денеска го промовираше новиот чувар на мрежата, Mикаел Локвист, кој ќе дојде во Париз следното лето.

Данскиот голман, кој има 22 години, доаѓа од тимот на Бјерингбро-Силкеборг, потпиша до 2027 година и ќе биде замена за Андреас Паличка.

Шведскиот голман нема да ја продолжи соработката, а за разлика од него, Јаник Грин ќе остане светец.

ПСЖ објави дека е продолжена соработката за уште една сезона со Грин, односно до 2026 година, па Раул Гонзалес ќе има дански двоец на голот.