Поранешниот селектор на машката сениорска репрезентација на Чиле, Матео Гаралда, ќе има нов предизвик во својата интернационална тренерска кариера.
Искусниот стратег, кој во 2005 година го освои златото со Шпанија на Светското првенство во Тунис, се договори на соработка со италијанскиот клуб Албатро.
Тимот на Албатро се наоѓа на 8. позиција во тамошниот шампионат и има биланс од две победи и четири порази.
Екс селекторот на Чиле напочетокот на месец јуни оваа година беше назначен на местото на Зоран Кастратовиќ во Ал Мудар од Саудиска Арабија. Минатата сезона беше предводник на египетскиот Замалек.
Гаралда во периодот од 2012 до 2014 година ја предводеше Гвадалахара, потоа една сезона беше на чело на романскиот суперлигаш Бакау.
Во текот на 2016 стана селектор на машката сениорска репрезентација на Чиле и на чело на јужноамериканската селекција беше до јули, 2022 година.