Олимпијакос го задржа лидерот Саваш, заминаа Монторо, Славуљица, Кавчич…

Грчкиот шампион Олимпијакос заврши голема работа и успеа да го задржи својот најдобар ракометар од минатата сезона.

Средниот бек Саваш Саваш потпиша нов договор со тимот предводен од Жељко Бабиќ и ќе остане во Олимпијакос и наредната сезона.

По камбекот минатата сезона од Бундес лигата во татковината, Саваш одигра на високо ниво и беше еден од најзаслужните за титулата дома и за пласманот во финалето на Европскиот Куп.

Нови договори потпишаа пикерот Петрос Кандилас, голманот Костас Котанидис и левиот бек Никос Пасијас.

Досега е потврдено доаѓањето на Јосип Периќ, ќе биде промовиран и Предраг Вејин, а заминаа Саво Славуљица, Миха Кавчич, Aнхел Монторо, Панајотис Карабурниотис и Бабис Домбрис.